ВИДЕО: Обезглавена, но не и растурена – навивачката група на Беливук и натаму е активна

Од:

Полицијата досега уапси триесетина членови на криминалниот клан на Вељко Беливук. Истрага продолжува и во други правци. Се испитува поврзаноста на групата со други криминални организации, но и тековите на парите. Под истрага во моментов се повеќе од 70 лица и компании.

И покрај сето ова навивачката група која се нарекува Принципи и натаму е активна.

„Тие се обезглавени, но не се растурени, тоа е сериозна оргaнизација, имаат воена структура. Навивачите на Партизан знаат како да дејстуваат во илегала. Се заборавајте дека речиси целиот врв на групата беше уапсен по едно убиство, а тие не престанаа да постојат. Поминаа неколку месеци и се опоравија“ – вели новинарот Милош Лазиќ.

Дека групата Принципи постои докажуваат графитите со поддршка за Беливук низ целиот Белград како и „бакљадата“ во чест на роденденот на Марко Миљковиќ.

„Изгледа дека групата уште постои, мораат заради себе да докажат дека се тука, дека се присутни, дека се силни за да си ги задржат позициите на трибините, позициите во бизнисот. Но и заради безбедност затоа што многумина сега ќе сакаат да им се одмаздуваат“ – вели Лазиќ.

Ако се гледа само превласта на трибините, Принципи се во судир со сите други навивачки групи. Некои од водачите на другите групи се или исчезнати или убиени. За тоа сите ги обвинуваат Беливук и неговата екипа и токму затоа може да се очекува да има одмази. Се разбира, превласта на трибините со себе носи и дел од колачот во трговијата со дрога.

Проценките се дека главното јадро на групата го сочинуваат околу 200 луѓе. Во моментов тие сите не се уапсени. Триесетина се во притвор што значи дека другите директни членови се раширени низ целиот град.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов