ВИДЕО: Нови тензии во Црна Гора, верници на работ на тепачка поради тоалетите во Цетинскиот манастир

Од:

Група црногорски граѓани, кои се претставуваа како загрижени верници, денеска одржаа протест и предизвикаа инцидент во Цетинскиот манастир, поради, како што велат, работите што ги презеле црковните старешини за изградба на тоалети за гостите кои доаѓаат во манастирот. На протестот му претходеа објави на некои црногорски медиуми дека манастирот се уништува.

До тензиите дојде кога групата луѓе сакаше да влезе низ портата на манастирот, но беше спречена од полицијата и дел од свештениците. Раководството на манастирот вели дека не се градат нови тоалети, туку се реновираат санитарните јазли, поставени пред 40 години.

Насобраните граѓани бараат работите да се запрат додека институциите не се изјаснат дали смее да се изведуваат градежни активности во манастирот и додека не се објави дали за тоа има дозвола. Според демонстрантите, црквата нема дозвола и самоиницијативно ги изведува работите. Протестот, кој се одвивал мирно, ескалирал кога монасите се обиделе да ја затворат манастирската порта, на што реагирале собраните верници.

Пред манастирот попладнево се појави и градоначалникот на Цетиње, Александар Кашќелан, во обид да ги смири тензиите.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора