ВИДЕО: Нова снимка од извлекувањето на бебето, родителите добиле вознемирувачка порака

Од:

Шеесет и двегодишната жена која вчера се фрли со бебето во реката Морача во Црна Гора, претходно испратила вознемирувачка порака до родителите на бебето. Тие во паника веднаш излетале од куќата и го барале дететоо кое во тие моменти го спасувале четворица херои.

Бебето кое беше спасено од Морача е во стабилна здравствена состојба, но ризикот од компликации секогаш постои, бидејќи се работи за дете кое нема ни два месеци.

Бебето било во студената река се додека Алдин Ибрахимовиќ, Шпејтим Демај и Алмир Мујак не го спасија со извлекување од водата. Го „оживеа“ со вештачко дишење, шведскиот пратеник Аднан Дибрани, кој е дел од набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, што го следеше денот на изборите во Црна Гора.

Дежурниот лекар за РТГЦ изјави дека детето има „уредно дишење, без повреди на градните и абдоминалните органи“.

„Детето е изложено на ризик од аспирациски компликации и инфекција. Се следи на одделението за интензивна нега и секоја прогноза е сериозна, ако се има предвид дека детето е на возраст од два месеци“, изјави докторот.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора