ВИДЕО: Нов протест на опозицијата во Белград, формиран тим за преговори со власта

Од:

Во Белград вечерва се одржа нов, 20-ти по ред саботен протест на опозицијата „Еден од пет милиони – Сите како еден“, на кој беше презентиран експертскиот тим за преговори со власта, по што поворката од повеќе илјади граѓани тргна во протесна прошетка од Теразиска чешма до РТС со логото „Против изборната кражба“.

Како што најави опозицискиот Сојуз за Србија (СзС), протестот се одржува затоа што српскиот претседател Александар Вучиќ „ги одбива барањата на опозицијата“ за дијалог за слобода на медиумите и за слободни фер изборни услови.

На почеток на протестот, актерот и член на Демократската странка (ДС), Бранислав Лечиќ во име на потписниците на „Договорот со народот“ соопшти дека е „формиран тим на експерти, непартиски личности, кои се подготвени со своите знаења, искуства, експертиза и име, да го изнесат планот за трите најважни теми, кои се главниот лост на „Диктатурата на Вучиќ” и на кризата во која се наоѓа Србија и тоа заробените медиуми, сериозната злоупотреба на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) и нерегуларните избори кои, се засновани на купување гласови, уцена и примена на сила над граѓаните на Србија“.

– Овие три точки се од суштинско значење…. (Вучиќ) вчера и самиот рече дека постои дијалог и дека сака со неистомислениците да влезеш во дијалог. Еве ти шанса без ултиматуми! Номиниравме луѓе професионалци, порача Лечиќ.

Преговарачкиот тим се состои од професорите на Факултетот за политички науки Чедомир Чупиќ и Снежана Миливојевиќ, доцентот на истиот факултет Душан Вучичевиќ, докторката по политички науки Јованка Матиќ, политикологот Бобан Стојановиќ, режисерот Срѓан Драгојевиќ, новинарот Вукашин Обрадовиќ и Зоран Гавриловиќ.

Во дијалогот ќе учествуваат и Независното здружение на новинарите на Србија (НУНС) и Здружението на независните и електронски медиуми.

Лечиќ нагласи дека Србија е во длабока политичка криза, а за тоа е одговорен Вучиќ.

– Ние нема да се повлечеме, пред кого да се повлечеме – пред предавството, лагите, прекршување на Уставот, понижувањето? Продолжуваме со протестот и овој протест ќе трае, ве уверувам, до победа… Вие постојано доаѓајте додека оваа сабота не стане една единствената сабота за сите времиња. Нашата слободна сабота ќе победи, јас тоа ти го велам Александре Вучиќ, порача Лечиќ.

Тој ги повика граѓаните на прошетка до РТС, за како што рече, “повторно да ги чујат”, но и граѓаните во протестот да покажат колку се цивилизирани.

Би можело да ве интересира

Харадинај: Територијалните претензии на Србија го блокираа дијалогот Приштина – Белград

Дачиќ: Уште една држава го повлече признавањето на Косово

Харадинај: Дијалогот со Белград треба да продолжи, но без условувања и одлагања

Дачиќ: САД нема да го преземат водењето дијалог меѓу Белград и Приштина

А1он

Официјален Белград незадоволен од одлуката за Морина

Поранешни хрватски заробеници бараат отштета од Србија