(ВИДЕО) Невреме во Атина: Поројот носи луѓе, затворени автопати

Од:

Од утрото имаше спорадични врнежи во предградијата, но од 16 часот состојбата се влоши, со обилни врнежи од дожд во главниот град и Пиреј, придружени со интензивни грмежи.

Според информациите од полицијата, поради акумулација на вода сообраќајот е во прекин во двата правци во Пиреј, јавува Екатимерини.

Дополнително, од истата причина, сообраќајот беше запрен и на авенијата Посидонос, во сообраќајниот тек кон Глифада, од висината на излезот кон авенијата Сингро.

Сообраќаен прекин има и на авенијата Константин Караманлија, во близина на болницата Асклипиеу Вулас, на патот кон Атина.

Метро-станицата „Евангелисмос“ беше привремено затворена поради високата концентрација на вода, а возовите минуваат без застанување.

На делниците Пиреј-Таврос и Омонија-Кифисиа сообраќајот времено се одвива на линијата 1, поради дотек на поголема количина вода на патеката на делницата Монастираки-Тисио.

Државниот автопат Атина-Солун е затворен во двата правци од клучката Ница до границата на Лариса со Магнезија.

Регионалното полициско одделение на Тесалија одлучи да го запре движењето на возилата на автопатот, на височината Никаја Лариса, кон границите на Магнезија, поради водата што излегла на површината на патот. Како што пренесува lamianov.gr, во возилата кои се поплавени и неподвижни има возачи и патници.

Би можело да ве интересира

Грците го прекинаа транспортот на руска нафта

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од силен ветар паднати и оштетени кровови, фасади, дрвја, оштетени автомобили, пожари

Предраг Петровиќ

Земјотрес ја стресе Грција

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион на Рајанер во борба со невремето, не успеа да слета

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски