ВИДЕО: Нереди во Атина, демонстранти ја нападнаа полицијата со молотови коктели

Од:

Пред Парламентот во Атина група маскирани лица предизвикаа инциденти напаѓајќи ја полицијата со молотови коктели и разни тврди предмети на протестот против усвојувањето на новиот закон за штрајкови и демонстрации, јавија грчките медиуми.

По нападот, грчките полициски сили одговорија со шок-бомби и солзавец.

Предизвикана е материјална штета на дел од влезовите на хотели во близина на Парламентот, а испишани се и слогани на ѕидовите на блиските објекти. Инцидентите продолжија и низ околните улици, но и покрај големото количество на солзавец, дел од демонстрантите сепак останаа пред Парламентот.

Попладнево на неколку различни локации во центарот на Атина беа организирани повеќе собири од Синдикатот на Комунистичката партија, левичарски и вонпарламентарни организации и партии, левичарско ориентирани студентски движења, членови на СИРИЗА, меѓу кои и поранешни министри и сегашни пратеници. Крајната дестинација на сите собири беше грчкиот Парламент, каде избија инцидентите.

Новиот закон за јавни собири предвидува кривична одговорност за демонстранти кои ќе се појават на ненајавен собир или протест, како и одговорност за организаторите на протестите, доколку тие станат насилни. Планот на владата наиде на критики од законодавно-правната комисија во грчкиот Парламент, како и од Адвокатската комора на Грција и повеќе правни експерти.

 

Би можело да ве интересира

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата

Ана Ололовска

Атина трет ден по ред под посебни правила поради снегот

Ана Ололовска

Оштета за заглавените возачи на автопатот во Атина

А1он

ВИДЕО: Снегот го парализираше поширокиот регион на Атина, денеска неработен ден

Ана Ололовска

Мешовитиот економски комитет Грција -Турција одржа состанок по пауза од 11 години

А1он

Затворени училиштата во Атина и повеќе делови на Грција поради невремето „Елпида“