Пожарот кој вчера изби во кругот на поранешната фабрика „Енергоинвест – РАОП“ во источно Сараево и понатаму гори.
Припадниците на територијалните противпожарни единици се обидуваат да го изгаснат, јавува РТРС.
Шефот на единицата Његош Вукадин рече декабројни екипи се на терен, но дека е тешко пожарот да се стави под контрола.
На акцијата се приклучија и пожарникарите од Федерацијата на Босна и Херцеговина, како и членови на противпожарната бригада „Еуфор“.
Градоначалникот на Источно Ново Сараево Љубиша Чосиќ рече дека гори една зграда и го предупреди населението што живее во близина на фабриката да не поминува време надвор заради чадот и неговите можни негативни последици.