ВИДЕО: Нападнато возилото во кое била ќерката на црногорскиот премиер од приврзаници на Ѓукановиќ

Од:

Службеното возило на Владата на Црна Гора во кое се наоѓала ќерката на премиерот Здравко Кривокапиќ денеска било нападнато на патот Подгорица-Никшиќ од страна на приврзаници на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, јавија медиумите.

– Како татко нема да ви ги заборавам нејзините солзи и страв. Како премиер, нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие. Во државата ќе владеат редот и законот на кои не сте навикнати. Но наскоро тоа ќе го видите, порача премиерот Кривокапиќ по инцидентот.

Возилото на Владата беше пресретнато од приврзаници на ДПС на Ѓукановиќ и го блокираа. Потоа почнаа да се качуваат на возилото и да дивеат.

Кога веќе неколку приврзаници се качија на хаубата, возилото тргна, а неколкумина од толпата завршија на коловозот.

Полицијата во Никшиќ соопшти дека го документирала случајот и дека ќе биде известен обвинител.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора