ВИДЕО: Најмалку едно лице загина, а 62 се повредени во пожарот кај Анталија

Од:

Најмалку едно лице загина во пожар во близина на туристичкиот град Манавгат во регионот на Анталија во Турција, соопштија властите. 62 лица побарале лекарска помош.

Десет лица се заробени во шумскиот пожар што втор ден беснее во јужна Турција, соопшти денеска турскиот министер за земјоделство Бекир Пакдемирли, додека продолжуваат напорите за спасување и гаснење.

Пожарот, кој изби поради големата горештина во регионот, се случи вчера околу пладне во најблиската шума до Манавгат. Брзо се рашири поради силниот ветер и се уште не е целосно ставен под контрола. Администрацијата на Анталија истакна дека ова е најсилниот пожар со кој се соочиле.

Пакдемирли рече дека 82-годишен маж е пронајден мртов за време на евакуацијата на областа Кепезбелени, 16 километри северо-источно од Манавгат, а 10 лица се заглавени во близина на браната Ојмапинар, рече тој. Единици се обидуваат да ги спасат луѓето, рече Пакдермирли.

Властите евакуираа 18 села и области во Анталија додека уште 16 села беа евакуирани во соседните провинции Адана и Мерсин, додаде турскиот министер.

Сите туристички екскурзии во овој регион се суспендирани се додека не се нормализира состојбата. Пожарот не претставува опасност за туристичките места.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски