ВИДЕО: Момче краде од хуманитарна помош

Од:

На „Јутјуб“ се појави видео снимка од хуманитарна забава во Грачаница во една дискотека, на која се собирало помош за настраданите од поплавите во загрозените подрачја во Србија.

На снимката се гледа момче кое дошло, да „краде“ шеќер од магацинот каде што се наоѓа донираната помош.

Настанот го забележале безбедносните камери, кои што се наоѓале во објектот, а за кратко време беше објавено и на „Јутјуб“.

Како што пишува српски „Телеграф“ се работи за 20-годишниот М.Р, кој на оваа забава бил под дејство на алкохол и во договор со другарите сакал да направи шега.

Но, за кратко време стана една од главните теми во Грачаница, па како што велат веќе неколку дена речиси не излегува од својот дом.

Корисниците на социјалните мрежи го обвинуваат поради постапката и упатуваат погрдни зборови.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ