ВИДЕО: Млад човек со мачета упадна во гимназија во Загреб, полицијата трага по него

Од:

Денеска, околу 14 часот, непознат млад маж вооружен со мачета упаднал во загрепската класична гимназија.

Тој влегол во паралелка каде имало ученици и наставничка и со мачетата се заканил на еден ученик. По инцидентот во кој нема повредени, тој побегнал од училиштето, а полицијата трага по него.

„Ситуацијата е трауматична и кризна. Денеска во периодот од 13.30 до 14.00 часот во училиштето влезе непознат млад човек. За време на наставниот час влегол во училница и со ладно оружје му се заканил на еден ученик. Смирената реакција на другите ученици и наставникот спречија понатамошни последици, никој не е повреден. Младиот човек потоа го напушти часот, го испратив бидејќи го сретнав во ходникот, но во тој момент немаше ништо во рацете“, изјави директорот на класичната гимназија во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

Инаку, класичната гимназија е опремена со камери за надзор, а се претпоставува дека тие го снимиле младиот човек кој денеска вооружен со мачета влета во училиштето и набрзо побегна.

Полицијата не сака да открие дополнителни детали за младиот човек, но напоменува дека прави се што е во нивна моќ да го пронајдат и што поскоро да го уапсат.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он