ВИДЕО: Мило го призна поразот, но не им честита на победниците

Од:

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ се огласи во јавноста за првпат по неделните избори на кои неговиот ДПС ја загуби долгогодишната доминација во црногорската политика и остана надвор од комбинациите за состав на новата влада.

Долговечниот црногорски политичар, во интервју за српскиот информативен канал Њузмакс Адрија, сепак, не им честиташе директно на своите опоненти за победата, но рече дека ДПС „ќе ги почитува правилата на современата демократска цивилизација“ и дека новата влада ќе ја составува оној што има мнозинство од 41 пратеник во Парламентот.

Околу инцидентите кои ги одбележаа изборите, Ѓукановиќ вели дека тие не го изненадуваат, како и „нецивилизациските моменти“ во прославата на довчерашните опозициски партии.

Според црногорскиот претседател, во земјата, како и во целиот регион, се спротивставени два пристапа – прозападниот курс од една и новоразбудениот, назаден и националистички дискурс, од друга страна.

„Инцидентите никого не изненадија, прославата уште помалку. Причини за славење секогаш има, но тоа славење подразбира и цивилизиран однос кој другите граѓани и кон потребата да се сочува стабилноста на Црна Гора. Ние вчеравечер присуствувавме на еден излив на нетолеранција, агресија, примитивизам, обид за пресметка со луѓето кои мислат поинаку,“ вели Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора