ВИДЕО: Маж со боксови во глава претепа девојка во теретана

Од:

На социјалните мрежи се појави снимка од сигурносните камери во теретана во Белград на која може да се види како маж нападна вработена девојка.

До инцидентот дојде во теретана во Нов Белград, а набрзо се огласи и сопственикот на теретаната.

-Да не се повтори. Денеска во теретаната насилник влезе во пултот и претепа вработена, ја маваше со боксови по глава затоа што му кажа дека не може да седи во пултот со оглед дека не е тука вработен. Тепаше нечија девојка, ќерка, сестра. Уапсен е. Ќе кажам само едно. Никој никогаш нема да го победи системот кој со тешки маки го создававме. Ние сме едно семејство на кое целта му е здрав живот и вежбање. Сите насилници кои мислат дека со своето агресивно однесување дека ќе не победат, се лажат, напиша тој.

Српската полиција гo уапси 20 годишниот насилник, тој е во притвор и ќе биде изведен пред основното јавно обвинителство во Белград.

Би можело да ве интересира

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва