(ВИДЕО) Љубовницата на Беливук ги чувала неговите мрачни тајни: касапел луѓе, па и испраќал снимки на кои жртвите молат за живот

Од:

Истражителите пронашле 189 фотографии, 37 снимки и 16 аудио записи на ужасно мачење во пет телефони запленети од една девојка од Белград која била во тајна врска со Вељa Неволја.

Љубовницата на Вељко Беливук во своите телефони и компјутер чувала над 200 фотографии и видеа од брутална тортура и изживување врз жртвите на кланот. Според српските медиуми, полицијата дури открила и аудиоснимки во пет телефони запленети на белграѓанката М.Р., кои ќе се користат како доказ.

– Љубовницата на Беливук беше уапсена неколку дена по преостанатата криминална група, а кај неа беа пронајдени пет телефони, еден компјутер, УСБ и еден хард диск, на кои исто така се чуваат податоци. М.Р веднаш дала согласност нејзините уреди да се отворат, дури се согласила да даде и шифри за нив. Истражителите се шокирале кога сфатиле дека љувовницата на Веља е чувар на најмрачните тајни на кланот. Во одземените уреди биле пронајдени 189 фотографии, 37 видео записи и 16 аудио записи, кои ќе бидат презентирани како докази против групата, односно кои имаат врска со извршувањето на најтешките кривични дела – открива изворот за српски Курир.

Криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ беше уапсена на 4 февруари, а членовите се осомничени за киднапирања, убиства, трговија со дрога и оружје, како и перење пари. Според информациите од истрагата, тие се товарат за најмалку пет убиства кои, како што се сомнева, ги сториле во куќата во Ритопек, а чиј сопственик бил еден од уапсените.

Извор на српски Курир од истрагата открива дека против љубовницата на Беливук е поднесена и кривична пријава поради сомневање дека таа била член на организирана криминална група. Сепак, таа не е обвинета за учество во киднапирања и ликвидации.

Таа, како и другите членови на групата Беливук, која функционираше под параванот на навивачката група Принципи, имаше шифриран телефон за тајна комуникација. Од петте телефони, истражителите не успеале да отворат еден. Сепак, она што е пронајдено во другите уреди е доволно за луѓето на фотографиите да бидат испратени на доживотен затвор – вели изворот.

Покрај фотографиите и снимките од грозоморната тортура врз жртвите, телефоните и компјутерот на М.Р содржеле и комуникација што ја имала со Беливук и другите членови на групата.

– Пораките, повиците и „обичните“ и оние на различни апликации, па дури и електронските пораки, сега се во рацете на полицијата и обвинителството – вели соговорникот од истрагата.

– Слики од крв, делови од тело, жртви со лисици на рацете, но и снимки од крици и молби за гол живот, се само дел од бруталното изживување што го снимиле монструмите, а потоа ги испратиле и размениле. Зошто Беливук решил да ги чува најмрачните тајни кај љубовницата со која е во врска со години, во моментов само се претпоставува – вели изворот на српски Курир.

Тој објаснува дека снимките, и видео и аудио, се слични на сцени од хорор филмови.

– Ова е првпат вакви докази да се појават во истрагата на злосторствата во нашата земја. Стотици слики и записи за злосторства направени од самите џелати, разменети едни со други, а потоа дури и чувани во нивните телефони. Најголемиот дел од материјалот бил пронајден кај оваа жена, која се согласила да соработува со државните органи, додава изворот.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски