ВИДЕО: Љубљана под вода, силно невреме направи хаос во градот

Од:

Силно невреме синоќа ја зафати Словенија и поплави повеќе од 500 згради само во Љубљана. Дежурните служби имале повеќе од 2.700 повици од граѓани во перидот меѓу 20 часот и полноќ.

Патиштата се поплавени како и подземните гаражи. Уништени се бројни автомобили, луѓе биле заглавени во нивните автомобили во многу висока вода.

Проблемот настана поради тоа што огромна количина дожд падна за многу кратко време. Во Љубљана паднаа 88 литри на метар квадратен, што спрема податоците е нешто што се случува еднаш во 250 години.

На социјалните мрежи се појави драматична снимка од театарот во Љубљана. Од таму велат дека кровот попуштил и водата навлегла на сцената. Ова се случувало за време на предства.

„Вакво нешто не е видено во историјата на театарот“ – изјави портаполот на театарот.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со ножеви ги нападна полицајците во центарот на Љубљана, беше совладан од специјалци

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски