ВИДЕО: Лапсус ѝ донесе популарност на црногорска пратеничка

Од:

Пратеничката и претседателка на Социјалдемократската партија на Црна Гора, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ денеска во своето обраќање во парламентот имаше таканаречен „фројдовски лапсус“, кој брзо стана вирално видео на социјалните мрежи.

Во рамките на говорот во кој допре и до темите како улогата на верските заедници во црногорското општество и држава, пратеничката наместо „секуларнa“ рече „сексуалнa“, и набрзо се поправи, што предизвика реакции на смеа во салата.

42-годишната Вуксановиќ Станковиќ, чија партија е дел од опозицијата, беше првата жена-кандидатка за претседател на Црна Гора. Таа денеска, меѓу другото, му порача на мандатарот за состав на новата црногорска влада Здравко Кривокапиќ дека тој не е „српскиот крал“ и дека „Црна Гора не е српска држава.“

Покрај ова, таа кажа и дека новата власт “нема да успее да ја врати Црна Гора во Средниот век, со тоа што ќе клечи и ќе им ги бакнува рацете на поповите.“

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски