ВИДЕО: Лансирани во вселената сателитите „Албанија1″ и „Албанија2″

Од:

Од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, во вселената лансирана е ракетата Фалкон 9 со сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“.
Двата сателита Албанија ќе ја набљудуваат на дистанца од 150 километри.

– Еве и ова, ветено реализирано. Ракетата Фалкон 9, заедничката мисија SpaceX Transporter 6 која ги носи Албанија 1 и Албанија 2 во вселената, штотуку беше лансирана во Кејп Карнавал, Флорида, објави вечерва албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук.

Албанската национална агенција за цивилна заштита и операторот „Satellogic USA Inc“, во владата во Тирана, на 16 октомври минатата година потпишаа договор за сателитска услуга, во областа на одбраната и безбедноста за следење со напредна технологија на територијата на Република Албанија.

Државата има нивно ексклузивно право на користење, за обработка на геопросторни информации (ГИС), како и за обезбедување производи за сликање и други негови компоненти, на голем број институции и субјекти, јавни или приватни, чија работа е поврзана со територијата, води, шуми, пожари, урбан отпад, земјоделско производство, урбан развој, имотни листови.

Договорот е во вредност од шест милиони долари и предвидува ексклузивна употреба на двата сателита за период од три години.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија