ВИДЕО: Крвав инцидент во автобус во Австрија, Хрват со нож го избоде на спиење возачот-Србин

Од:

Тежок инцидент се случил во српски автобус на релација Дортмунд-Белград, кога на еден паркинг, за време на пауза кај Линц, во Австрија, еден од патниците со нож го нападнал возачот и му нанел неколку убодни рани, пишуваат српските медиуми.

Според извештаите, напаѓачот е 25-годишен хрватски државјанин, кој го нападнал 40-годишниот возач, Србин, додека тој спиел на првото седиште.

Патниците во автобусот го запреле напаѓачот, а некој од нив снимил видео кое покажува како насилникот е совладан.

@patriotiizam

Спречен терористички напад у Ластином аутобусу на релацији Дортмунд Београд. Возач је избоден али жив #srbija #serbia #dortmund #beograd

♬ original sound – ??

Австриската полиција истражува што бил мотивот и причината за нападот.

„Патникот кој го нападнал возачот влегол на станицата во Линц. На нападот не му претходела никаква кавга. Во еден момент, тој станал од седиштето и чудно се однесувал. Извадил некое мало сечило и го ранил нашиот колега. Напаѓачот го совладале совозачот и останатите патници, а нападнатиот возач, за среќа, се здобил со полесни повреди. Насилникот го привела австриската полиција, а сите патници дале изјава, по што го продолжиле патот и стигнале во Белград. Повредениот колега е добро“ изјави директорот на компанијата за превоз „Ласта“, Владан Секулиќ.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски