ВИДЕО: Илјадници верници го пречекаа ковчегот со телото на Амфилохије

Од:

Илјадници луѓе чекаа пред Храмот на Христовото воскресение во Подгорица со желба да го видат ковчегот со телото на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кое беше предадено денеска од манастирот во Цетиње.

Многумина сакаа да го допрат ковчегот со остатоците од митрополитот, некои ставија цвеќе во отворениот сандак, а присутни беа и многу деца.

Ковчегот со неговото тело беше предаден во Подгорица околу 14,30 часот, кога беше положен во храмот, а неколку минути подоцна започна богослужбата. Свештенството постојано ги повикуваше граѓаните „да се приближат кон митрополитот во мир и ред“ … така што сите, освен членовите на семејството, се поклонуваа на еден метар оддалечени од ковчегот.

Верниците ќе можат да го сторат тоа и во текот на ноќта, се до погребот во недела наутро.

Ѕвоната на сите православни цркви во Црна Гора, се до погребот на митрополитот Амфилохије, ќе ѕвонат во 10, 12 и 16 часот.

Митрополитот ќе биде погребан во недела, во криптата на Храмот Христово воскресение во Подгорица.

Тој почина во петокот, на 30 октомври, на 82-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски