ВИДЕО: Кон водачот на црногорскиот Кавачки нарко клан, Звицер, пукале Македонец, Србин и Црногорец

Од:

Напаѓачите на водачот на црногорскиот Кавачки нарко клан Радоје Звицер, кој вчера беше тешко ранет во центарот на Киев, се уапсени во истиот град. Како што соопшти тамошната полиција, станува збор за државјани на Србија, Црна Гора и Македонија.

Осомничените за нападот на Звицер, при апсењето пружале отпор и се обиделе да побегнат, но украинската полиција успеала да ги совлада.

Вчера на Печерске, киллеры приехавшие из одной из Балканских стран расстреляли гражданина Черногории. Мужчина получил пять пулевых ранений из которых три – в грудную клетку и был госпитализирован в крайне тяжёлом состоянии в реанимацию. Сейчас он находиться под охраной полицейских. Киллеры покинули метр преступления на автомобиле “Smart”, котрорый они попытались сжечь, но не удачно. Полицией был немедленно объявлен план «Перехват». Все были подняты по тревоге. Благодаря быстрым и решительным действиям сотрудников Департаментов стратегических расследований и Криминального розыска Национальной полиции пятеро подозреваемых в организации и исполнении этого покушения были задержаны этой ночью. Ими оказались граждане Сербии, Черногории и Македонии, один из которых находятся в Международном розыске за заказное убийство. Сотрудники полиции продолжают выявлять всех лиц возможно причастных к данному преступлению. https://www.npu.gov.ua/news/golovne/naczpolicziya-zatrimala-grupu-inozemnix-kileriv-za-zamax-na-vbivstvo-gromadyanina-chornogoriji-u-stoliczi-Igor-klimenko/

Posted by Антон Геращенко on Среда, 27 мај 2020

Радоје Звицер се наоѓа во тешка состојба, а еден од уапсените, како што пишуваат медиумите во Украина, се наоѓа и на меѓународна потерница за убиство.

Според шефот на националната полиција, напаѓачите пристигнале во Украина на почетокот на мај, купиле автомобили и оружје и ја следеле жртвата и неговото семејство.

„Главните причини за обидот за атентат се криминални активности на жртвата, можна прераспределба во самата криминална организација, но и меѓу балканските криминални кланови кои ја контролираат трговијата со дрога“, изјави Игор Клинеко, шеф на националната полиција во Украина.

Според укранските медиуми, кон Звицер биле испукани пет куршуми кои предизвикани прострелни рани во пределот на стомакот. Тој синоќа бил опериран во Киев и се наоѓа во животна опасност. Тој подолго време не живее во Црна Гора, иако важи за лидер на една од најмоќните криминални групи во овој дел на Европа.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати