ВИДЕО: Комплетен колапс на системот за вакцинација против Ковид-19 во Хрватска

Од:

Платформата за пријавување за вакцинација против Ковид-19 во Хрватска „Cjepise“ е во комплетен колапс. Сите жупании и градот Загреб престанале да ја користат платформата пренесуваат хрватските медиуми.

„Платформата не се користи. Ќе се вакцинираат само оние кои се пријавени преку нивните лекари. Од информатичарите добивме одговор дека платформата никаде не работи. Платформата сега прикажува само иницијали и создава големи проблеми. Сега ќе вакцинираме како што правевме до сега, преку семејните лекари“ – објаснуваат претставници на здравствените власти.

Системот за пријавување и вчера покажа огромен пропуст откако поради грешка исчезнаа четири илјади пријавени, најверојатно оние кои први се пријавиле.

Би можело да ве интересира

Тони Цетински и познати спортисти биле дел од афертата со лажни ковид потврди во Хрватска

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Рекордни бројки на заразени со Ковид-19 во Романија, Хрватска и Словенија

Катерина Ѓуровски

Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус

Во Хрватска од денеска построги анти-ковид мерки

Рекордни 9.058 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска

Катерина Ѓуровски