ВИДЕО: „Ќе колеме Хрвати“, Радикалите го запалија хрватското знаме

Од:

Со извици „ Ќе колеме Хрвати“, помала група демонстранти од Српската радикална партија го запалија српското знаме после протестот пред зградата на претседателството на Србија поради ослободителната пресуда за двајцата хрватски генерали.

Заменикот претседател на СРС, Немања Шаровиќ рече на протестот, дека Србија од 2000. година нема ништо направено за да им помогне на своите граѓани во хашкиот притвор, додека Хрватска потрошила десетина милиони евра и ги најмила најдобрите лобисти и адвокати за да ги заштити своите граѓани.

Неколкуте стотини симпатизери на СРС, во текот на протестот извикуваа „Слобода за Шешељ„  „Томо Усташот“ , но и повици „Ќе падне крв, ќе палиме Хрвати“, а потоа го запалија и хрвтаското знаме.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов