ВИДЕО: Инциденти во хрватскиот Сабор, опозициски пратеник изнесен од обезбедувањето, премиерот доби ќесa со ѓубре

Од:

Денешната седница на хрватскиот Парламент, на која премиерот Андреј Пленковиќ зборуваше за состојбата на нацијата, почна со инциденти.

Опозицискиот пратеник од „Жив ѕид“ Иван Пернар беше, на раце, изнесен од салата од страна на обезбедувањето, а Миро Буљ, од Независната листа МОСТ, на столчето на премиерот остави ќесе со ѓубре.

Пред почетокот на излагањето на премиерот, дојде до расправија меѓу Пернар и претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ, по што обезбедувањето го изнесе опозиционерот од сала.

Јандроковиќ предложи дополнување на дневниот ред со 10 нови точки, а на прашањето дали има приговор се јави Пернар, која се пожали на состојбата во правосудството поради случајот со силувањето девојче во Задар. Јавноста во Хрватска е револтуирана откако судија во Задар ослободи група лица да се бранат од слобода, осомничени дека во текот на една година, во повеќе наврати групно го силувале девојчето. Откако Пернар не се држеше до правилата, претседателот на Саборот двапати го опомена и потоа му го одзеде зборот. Пернар не престануваше да зборува, па Јадронковиќ му го одзеде зборот и за денеска и за утре. Пернар го игнорираше и тоа предупредување, по што Јандроковиќ даде десетминутна пауза и го повика собраниското обезбедување да го изнесе од салата опозицискиот пратеник.

По него, опозиционерот Буљ, кој зборуваше за управувањето со отпадот, во салата внесе ќесе со ѓубре.

– Очигледно надлежните не го разбираат принципот за одржливо управување со отпад….Гледам дека е арогантен премиерот, и оваа ќеса ќе ја оставам на неговата столица…еве му ѓубре кое го собирав од Вргорац до Сињ, рече Буљ.

Јандроковиќ му рече да не прави циркус, туку да седне или да излезе од салата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Загреб не одам бидејќи не сакам да ги нарушам односите со Хрватска

Милановиќ со критика за датумот на изборите во Хрватска

Претседателските избори во Хрватска на 22 декември

Ана Ололовска

Синдикатите ја одбија понудата од хрватската Влада, продолжува штрајкот на просветните работници

Ана Ололовска

Дачиќ: Антисрпска хистерија во Хрватска поради можното доаѓање на Вучиќ

Ана Ололовска

Врз основа на сукцесија на СФРЈ, Хрватска побарува од Србија 148 милиони долари

Ана Ололовска