ВИДЕО: Инцидент во косовскиот Парламент, пратениците на работ на тепачка

Од:

Пред крајот на денешната седница на Парламентот на Косово, за време на расправата по интерпелацијата на Владата, неколкумина пратеници влегоа во вербална пресметка, по која дојде и до кошкање, а инцидентот за малку ќе прераснеше во општа тепачка.

Беше дадена пауза за да се смири ситуацијата, а косовскиот премиер Авдулах Хоти подоцна изјави дека речникот и однесувањето на пратениците се несоодветни за институција каква што е Парламентот.

„Хоти оценува дека таквото однесување е надвор од кој било стандард на политичка комуникација, посебно денес, кога темата на расправата беше судбината на исчезнатите луѓе, многу чувствително прашање кое косовските институции го третираат со голема посветеност,“ се вели во соопштението од кабинетот на Хоти.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Четворица мажи се истепале во центарот на Скопје

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Цетиње: Се степаа пратениците во црногорското Собрание

Горан Наумовски