(ВИДЕО) Инцидент во Дом за стари лица во Пеќ, медицински сестри малтретирале постара жена

Од:

Во Домот за стари лица во Пеќ уапсени се две работнички поради видео кое се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како малтретираат постара жена, соопшти косовската полиција. Во меѓувреме, Газета Експрес објави дека четири медицински сестри биле суспендирани поради овој случај.

Се прецизира дека лицата се уапсени околу 14 часот и 10 минути и дека во соработка со обвинителот ќе бидат преземени понатамошни мерки. На видеото кое денеска беше главна вест во приштинските медиуми може да се види како старицата се обидува да се одбрани додека работникот повеќепати ја удира по лицето и ја удира со нога во стомакот.

Од Основното обвинителство во Пеќ соопштија дека во овој случај се ангажирани двајца обвинители. Доријан Јунику, еден од двајцата обвинители во овој случај, за медиумите изјави дека се уапсени две лица со иницијали А.П. и А.Р.

Во меѓувреме се огласи и портпаролот на полицијата за Пеќ, Фадил Гаши, кој рече дека нападот на медицинската сестра врз старицата се случил пред пет дена (29.10).

„Три лица од тој Центар се уапсени, а случајот се случил на 29 октомври. Едно лице се товари за кривично дело „напад“, друго за „помагање во извршување напад“, а третото за „неовластено снимање“, изјави Гаши за Klankosova.tv.

Четири медицински сестри се суспендирани од работните места во центарот за стари лица „Оренда“ во Пеќ, каде се појави видео на кое се гледа како неколку вработени тепаат и психички малтретираат жена. Газета експрес објави и документ кој наводно го објавил овој центар за суспензијата на медицинските сестри. Во документот што го објави овој приштински медиум, се наведува дека насилството извршено врз старицата било „недолично однесување“.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ги спаси сендвичот од детето-семејство на одмор нападнато од слон

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Прозорец од 21 кат падна врз мајка и бебе во количка

Предраг Петровиќ

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено

(ВИДЕО) Апасиев: Терористот треба да сфати дека нема веќе играчки со Левица, ќе бидеме порадикални

Александар Тодески