ВИДЕО: Идни хрватски полицајци играа српско оро, академијата ја избрка студентката што снимала

Од:

Полициската академија „Јосип Јовиќ“ во Загреб денеска се огласи по повод снимката која беше објавена деновиве, на која се гледа како група питомци, идни хрватски полицајци, се забавуваат играјќи српско оро, популарното „Ужичко“.

Во соопштението од Академијата се вели дека ќе биде поднесено барање за покренување дисциплинска постапка против одговорните лица во високообразовната установа, поради тоа што не извршиле надзор врз спроведувањето на куќниот ред, кој налага кадетите да се одмораат по 22 часот, наместо да прославуваат, пеат и играат.

„Поради фактот што студентите ја завршиле десетнеделната контактна настава и во текот на наведеното време, поради заштитните мерки против коронавирусот не го напуштале кругот на Полициската академија, одговорните лица во полициското училиште им дозволиле на кадетите продолжено словодно време до полноќ, наместо до 22 часот“, се вели во соопштението.

Од академијата додаваат дека на отворен простор, група студенти слушале музика и играле, но биле вон надзор од нивните професори, кои морале да водат сметка дали однесувањето на студентите е примерно и да се осигураат дека тоа не е спротивно на одредбите од Статутот на установата.

Поради видеото кое го снимила и кое подоцна заврши на социјалните мрежи, Академијата донела и одлука да се исфрли 19-годишна студентка, која според надлежните, со тоа ги прекршила важечките прописи во Академијата и го нарушила угледот на Министерството за внатрешни работи, чијшто дел е Полициската академија. Најавени се и пропишани санкции за другите кадети кои учествувале во настанот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари