ВИДЕО: Хоти утре на средба со Макрон, а в недела со Вучиќ во Брисел

Од:

Косовскиот премиер, Авдулах Хоти, ќе отпатува денеска за Париз, каде што утре во Елисејската палата ќе се сретне со францускиот претседател, Емануел Макрон.

Веста преку соопштение за медиумите ја објави владината прес-служба, наведувајќи дека средбата што ќе се одржи во претседателската палата „говори за вниманието и посветеноста на претседателот Макрон кон Косово и неговата евро-атлантска иднина“. Посетата на Хоти на Париз се реализира во пресрет на неговата средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најавена за в недела, на 12 јули, во Брисел.

Информацијата за средбата во Брисел, со која ќе се означи продолжувањето на преговорите меѓу Приштина и Белград, денеска преку својот твитер-профил ја објави гласноговорникот на ЕУ, Петер Стано, наведувајќи дека на неа ќе учествуваат и шефот на европската дипломатија, Хозеп Борел, и пратеникот на ЕУ за косовско-српските преговори, Мирослав Лајчак.

Според Стано, Хоти и Вучиќ ќе се состанат со цел „да се продолжи со работата за постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу двете земји“.

Претходната средба на косовските и српски лидери, што требаше да се одржи на 27 јуни во Белата куќа во Вашингтон, се одложи поради информацијата, објавена три дена порано, дека пред Специјалниот суд за Косово во Хаг е подигнато обвинение за воени злосторства против претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Укинувате училишта, а не реални шоуа“: Српските студенти се упатија кон Собранието

Ана Ололовска

Нов протест на противниците на Вучиќ, организаторите предупредија од провокатори

Ана Ололовска

ВИДЕО: Курти има два услова за нови избори на северот на Косово, Србите протестираат петти ден

Катерина Павлова-Николовска

Макрон и Шолц ги повикаа Приштина и Белград на нови избори на северот на Косово

Курти: Нема да се откажеме, градоначалниците мора да работат во општински згради

(ВИДЕО) Протест на Албанците во јужниот дел на Митровица, полицијата ги спречи да го поминат мостот

Катерина Павлова-Николовска