(ВИДЕО) Грозоморни детали од мачењето на „Пинк пантерот“ Љепоја: Бездушните убијци се изживувале 24 часа

Од:

Ченот на познатата група крадци „Пинк пантер“, Милан Љепоја, кој бил жртва на српската криминална група предводена од Вељко Беливук, бил ѕверски измачуван цели 24 часа, а неговото распарчено тело во повеќе наврати било изнесувано од „викендичката на ужасот“, како што нарекуваат српските медиуми местото на кое бандата ги убивала жртвите.

Според последните детали од истрагата, Љепоја бил намамен во викенд-куќата во Ритопек, на периферијата на Белград, со помош на трет осомничен, Дарко Тешиќ, кој го довел со автомобил Фолксваген Пасат и им го препуштил на водачот на бандата, познат како Веља Неволја, и неговата десна рака, Марко Миљковиќ Маре, кои се снимени на безбедносните камери како доаѓаат во куќата. Од тој ден, 9 декември, на Љепоја му се губи секоја трага.

Убиениот Милан Љепоја бил член на познатата банда крадци „Пинк пантер“

„Полни 24 часа, како што се сомневаме, траело неговото мачење. Му ги отсекле носот и ушите, а изживувањето продолжило – потоа му ги сечеле рацете, нозете, му ги ископале очите и на крајот му ја отсекле главата,“ раскажа извор од полициската истрага за „Курир“.

Додека траело грозоморното мачење, убијците вкупно 18 пати ги изнесувале парчињата од телото на Љепоја со автомобил Опел Астра, покажуваат снимките до кои дојде полицијата.

Според изворот од истрагата, двајцата водачи на криминалната банда се сомневале дека Љепоја е близок со ривалскиот Шкаљарски клан и дека има намера да го преземе управувањето со подземјето во Ниш, а тоа било главниот мотив за свирепото убиство.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски