(ВИДЕО) Гренел: Договорот што го потпишаа Србија и Косово ќе отвори нови работни места во регионот

Од:

Специјалниот претставник на претседателот на САД за Западен Балкан, Ричард Гренел, изјави дека договорот за економска нормализација на односите меѓу Србија и Косово не е само парче хартија, туку дека со него ќе се отворат нови работни места во приватниот сектор во регионот.

„Да не беше претседателот Трамп и ние немаше да бидеме овде, тој веруваше дека економијата може да се стави во преден план со акцент на отварање на нови работни места. Ветувањата кои ги дадовме не обврзуваат да имаме одговорност. Ова не се само зборови напишани на хартија, туку работни места за луѓето што живеат овде“, изјави Гренел при посетата на Србија.

Претставничка на делегацијата од САД, Рејчел Бајтал, рече дека една од темите на денешната средба во Белград е економското зајакнување на жените во целиот регион.

Таа додаде дека имала можност претходно да соработува со ќерката на американскиот претседател, Иванка Трамп и дека подоцна преминала во американската владина агенција УСАИД, која исто така е посветена на развојот на женското претприемништво, создавањето работни места за жените и растот на малите и средните претпријатија.

Танјуг пренесе дека Стопанската комора на Србија и Косово денеска потпишале изјава за формирање на заеднички тим за економска соработка што ќе се состои од деловни лидери и експерти за економска нормализација и инвестирање.

Според заедничката изјава, двете земји се имаат обврзано да создадат заеднички тим кој ќе има оперативни канцеларии во Белград и Приштина.

Економската нормализација на косовско-српските односи беше предвидена со договорот од 4 септември потпишан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти во Белата куќа, со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски