ВИДЕО: Градежници свртеа вол на ражен во центарот на Белград, комшиите им викнаа полиција

Од:

Глетка која би била неверојатна во повеќето европски главни градови, но не и во Белград, беше видена денеска во општината Врачар, во центарот на српската престолнина: група работници на градилиште, на температура од 35 степени, вртеа вол на ражен.

Соседите на градилиштето ја повикале комуналната полиција, а снимката, на која се гледа не само раженот, туку и комплетна софра, се прошири на социјалните мрежи.

На друга снимка која ја објави српскиот актер Радослав Миленковиќ, тој ги прашува работниците што слават, а тие му одговараат дека прославуваат за завршениот ископ на објектот. Според дел од медиумите, газдата бил тој што ги честел работниците со печениот вол, поради успешно завршената работа.

Сепак, прославата ја запрела комуналната полиција, која ги предупредила работниците да го запрат вртењето на раженот, поради тоа што чадот им пречел на соседите.

„Гезмето“ на градежните работници со печен вол предизвика илјадници коментари, од кои многу се гневни, но сепак побројни се духовитите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов