ВИДЕО: Градежен работник со лопата онесвести 80-годишен поп во Албанија

Од:

Несекојдневен инцидент се случил во албанскиот град Лежа, каде градежен работник физички го нападнал локалниот православен свештеник Кочо Капедани (80).

Освен на социјалните мрежи видеозапис и фотографии од инцидентот пренесуваат и албанските медиуми, кои додавaат дека по вербална расправија изнервиран работник со лопата го удира стариот свештеник по грбот и главата.

-Бев дома. Багерот дојде и јас се спуштив долу од куќата. Му реков на работникот да не удираат силно бидејќи се оштетени sидовите од мојата куќа. Работникот лопатата ја имаше во раката, а јас го имав стапот со кој слегував по скалите. Ме фати за рака и ме удри. Паднав во несвест. Потоа дојде полицијата и потоа не придружуваше до полициската станица. Полицијата не зазеде правилен став. Револтиран сум. Ми рекоа: „прости му“, изјавил Капедани за медиумите.

Toj додава дека има сериозни видливи повреди на десното око од ударот на работникот, кој бил вработен во компанија што гради пат во населбата „Гура“.

Претставник на Православната црква во Лежа најавил дека попот Капедани, покрај тоа што го тужи насилникот, ќе поднесе обвинение и против полицијата од овој албански град, бидејќи наместо да го санкционира насилникот, полицајците се обиделе да го натераат да му прости.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија