ВИДЕО: Голем пожар во Ниш, изгореа бараки во кои живееја десет семејства

Од:

Голем пожар избувнал вечерва пред 20 часот во Ниш, а огнената стихија ги проголтала домовите на десетина семејства, јавуваат српските медиуми.

Според првичните сознанија, пожарот започнал кога се запалил оџак на една од бараките, по што огнот се проширил на соседните стари монтажни објекти, доградувани со трска и цигли.

Десет семејства, меѓу кои и луѓе со деца, останале без домовите и без документите, на улица. Во пожарот нема повредени, соопшти полицијата.

„Се беше ново во мојот стан од 60 квадрати. Се изгоре,“ вели една од сопственичките на изгорена барака.

Станарите сметаат дека требало да бидат испратени повеќе противпожарни возила за да спречат огнот толку брзо да се прошири и да ги проголта нивните домови.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски