ВИДЕО: Голем пожар во 42-катна зграда во центарот на Истанбул

Од:

Пожар избувна во 42-катна зграда со луксузни апартмани Полат Тауер, во центарот на Истанбул, соопштија агенциите.

Не се познати причините за пожарот, што беше изгаснат благодарение на интервенцијата на голем број пожарникари.

Во пожарот, што ја зафати високата 152 метарска кула, што се наоѓа во квартот Бешикташ, на европскиот брег на турскиот град, нема жртви или ранети, соопштија локалните телевизии.

Улиците, што водат до зградата, веднаш беа блокирани од локалните власти.

Столб густ црн чад се крева над зградата, чија надворешна изолација пламна, можеше да се види во репортажите што директно беа емитувани на телевизиите.

Во близина на Полат Тауер има многу продавници, филијали на банки и болница.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски