ВИДЕО: Голем пожар на хрватскиот остров Паг, евакуирани 10.000 луѓе

Од:

Голем пожар избувна синоќа, околу еден часот по полноќ, во боровата шума на плажата Зрќе, кај градот Новаља на хрватскиот остров Паг, соопшти полицијата.

Во тек е гаснење на огнот, а илјадници луѓе се евакуирани.

Како што изјави портпаролката на полициската управа на личко-сењската жупанија, Маја Брозичевиќ, евакуирани се околу 10.000 лица, бидејќи на местото кадешто зафатил пожарот се одржувал Фреш Ајланд фестивал.

Пожарот го гаснат три авиони и голем број пожарникари.

Силната бура го отежнува гаснењето на огнот, кој се проширил до патот Новаља – Паг.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари