ВИДЕО: Евакуирана улица во Бар, маж се заканува дека ќе активира експлозивна направа

Од:

Полиција на црногорскиот град Бар евакуира дел од улицата поради закана од едно лице да активира експлозив, јави „Вијести“.

Од Полициската управа за „Вијести“ рекле дека човекот во филијалата на банка претходно залепило натписот „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка“. Од Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа потврдуваат дека биле информирани дека едно лице се заканувало дека ќе активира експлозивна направа.

Човекот кој се претставил како Един Бегзиќ, претходно на медиумите им доставил видео од Јутјуб, во кое ги повикува премиерот и вицепремиерот, како и претседателот на Собранието, да помогнат во решавањето на ситуацијата со банката, барајќи штета од повеќе милиони долари.

Човекот во видеото покажува импровизирани направи, за кои тврди дека се експлозивни.

„Ќе ја држам банката под контрола додека не им ги исплати на работниците парите што ги украла, со камата за целото време што чекаат. Имам солзавец и маска, оклоп, пиштол, молотови коктели и две рачно изработени експлозивни направи, вели тој во видеото и демонстрира како функционира направата.

Специјалното обвинителство спроведува истрага против организирана криминална група во случајот „Приморка“, осомничена дека го оштетила државниот буџет за четири милиони евра.

Човекот, кој тврди дека ќе ја крене банката во воздух додава:
„Ова банка ги украде парите на чесните граѓани, на работниците на „Приморка“ уште во 2010 година, и им се обрати на политичарите –

„Да си ја работевте работата, ние немаше да дојдеме во оваа позиција, порачува Бегзиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора