ВИДЕО: Емитувана снимката на сведокот за трговијата со органи на Косово

Од:

Радио Телевизија Србија вечерва емитуваше снимка со изјава на заштитениот сведок на српското обвинителство кој е директен учесник во вадењето на органи на Косово. Тој во детали го опишува целиот процес-од обуката, преку операциите во импровизирани болници до транспортот на аеродромот во Тирана кон црниот пазар.

Заменик обвинителот за воени злосторства Бруно Векариќ појасни дека сведокот, инаку поранешен припадник на ОВК бил обучуван во специјален камп во Албанија.

„Обуката се изведуваше во северна Албанија на разни дејности, покрај останатото и за медицински интервенции. Тие биле обучувани, зашто им кажувале дека може да се случи некој од командантите на ОВК да страда на фронтот и дека треба да научат да пресадат некои човечки органи. Не му било кажано дека се работи за криминален чин на вадење органи“, рече Векариќ.

Тој појасни дека во овој случај не се работи за „Жолтата куќа“ која и е позната на јавноста и дека тој ја спомнал само еднаш.

Заштитениот сведок зборува како е вршена обуката за трансплантација и појасни дека учеле на пластична кукла во која имало делови на тело.

„Не обучуваа, како доколку е потребно некој дел од телото, да речеме бубрег, срце или бели дробови, како се трансплантираат од еден на друг“, рече сведокот.

Според неговите зборови, му било кажано дека таа помош им се дава само на тие на кои им е потребна на Косово, како што се команданти и лидери.

„Зошто го учевме тоа? Ни беше кажано дека наоколу е српската војска и полиција и нема да можеме ранетите да ги носиме во болница“, рече сведокот.

Тој опишува како се ваделе органите на еден затвореник на 19 или 20 години.

„Го донесоа врзан на местото каде му ги извадија органите. Приметив дека тој не е војник на ОВК и секако не прашував. Бев млад, а имаше и надредени. Тие му ги тргнаа јажињата и го ставија на клупа, а потоа викнаа уште двајца да му ги држат нозете за да не се мрда“, рече сведокот и додаде дека лекарот што дошол му ја скинал маицата на два дела.

„Еден од лекарите донесе црна торба, лекарска. Тоа беше нешто ново за мене. Од неа извади опрема која беше завиткана. Тогаш прв пат видов скалпел, ножеви и средства за операција“, кажа сведокот.

Тој потоа опиша како му го извадиле срцето.

„Ми дадоа скалпел. Почна да ми се гади. Кога велам гадење, мислам како на кошмар , бескраен кошмар. Ми кажа на телото што треба да направам, да направам една линија, да го исечам, да направам операција со една рамна линија од почетокот на гркланот до крајот на ребрата“, рече тој.

Според него, откако го исчистиле тој дел од телото, му кажале да почне зашто немаат многу време. Тој приметил дека не се работи за Албанец.

„Кога му се приближив, тој се тргаше, и почна да лелека, го повикуваше Бога и молеше-Немојте да ме заколете, немојте да ме убивате“, наведе сведокот објаснувајќи дека како млад војник бил под команда и морал да почне.

„ Со левата рака го фатив за градите, а со десната почнав да сечам. Кога стигнав до долу, крвта почна силно да тече. Кога го исеков до половината, тој почна да вриска, да не го колеме, да не го убиваме и тука ја изгуби свеста“, наведе заштитениот сведок.

„Бев престрашен. Кога го фатив срцето тоа сеуште мрдаше. Го ставив во кутија која ја донесе еден познаник на лекарот заедно со некакви три боци“, изјави сведокот.

Тој додаде дека еден од високите старешини му рекол: Секоја чест, такви војници ни требаат на Косово. Само така ќе победиме“.
Органот според него, бил ставен во кутија и однесен со возило марка „волво“. Сведокот објасни дека сфатил дека органите не служат за помош на старешините и војниците туку за трговија со органи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов