ВИДЕО: Експлозија во судот во Подгорица, бомбашот загина

Од:

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во експлозија на бомба во зградата на Основниот суд во Подгорица. Според неофицијалните информации кои ги пренесе „Вјести“, повикувајќи се на полициски извори, во експлозијата се повредени седум лица, од кои едно потешко.

Загинатиот, како што пренесе медиумот, е 40-годишник кој ја активирал експлозивната направа.

„Во 11 часот и 35 минути добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени лица. Утврдивме дека загинал М.Б. (40) кој ја активирал експлозивната направа. Имаме уште пет повредени лица кои се лекувале во Клиничкиот центар“, рече Срѓа Кораќ од Криминалистичката полиција.

Се претпоставува дека се работи за самоубиство, а полицијата истражува кој би мотивот на човекот.

Би можело да ве интересира

Пензиониран полицаец во Подгорица си ги уби синот и сопругата па се самоуби

Две лица се ранети во престрелка во Подгорица

Горан Наумовски

Срби го копале тунелот до судот во Подгорица, им помагале Црногорци

Горан Наумовски

Идентификувани се сите кои копаа тунел до зградата на Вишиот суд во Подгорица

Горан Наумовски

Откриен тунел под зградата на судот во Подгорица: Копан е со месеци, води до стан во близина

Горан Наумовски

Инцидент во Подгорица: Ја уценувал пријателката со фотографии од телефон, а потоа бил истепан од нејзиниот татко