(ВИДЕО) Драматични снимки од спасување на маж во Албанија: Зошто не ги отстраните урнатините над мене?

Од:

Два дена по катастрофалниот земјотрес што ја зафати Албанија, спасувачките служби сè уште ги пребаруваа урнатините за исчезнати лица. Во меѓувреме, се појавија снимки од операцијата за спасување за маж заробен под урнатините на една зграда.

Бидејќи беше во многу тешка положба, под куп шут и мебел, мажот не можеше веднаш да биде ослободен, но спасувачите успеаја да му однесат шише вода. Тие комуницираа цело време. Видеото го објави Балканвеб.

Спасувачките екипи од повеќе земји се опремени со специјална опрема, како и кучиња обучени во вакви ситуации.

Албанските власти соопштија дека операциите за пребарување и спасување во Драч продолжуваат, додека потрагата во блискиот град Туман е прекината.

Имено, шест тела беа извлечени од урнатините во текот на ноќта помеѓу среда и четврток, а се верува дека под урнатините има уште жртви.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија