ВИДЕО: Директорот на црногорската полиција изнесе детали за денешниот масакр во Цетиње

Од:

Директорот на црногорската полиција Зоран Брѓанин со видео-порака се обрати пред јавноста во врска со денешната трагедија во Цетиње во која беа убиени 11 лица, од кои две деца.

Тој истакна дека денеска е трагичен ден не само за Цетиње, туку и за цела Црна Гора.

„Животите на луѓето се највредни и незаменливи, а денеска изгубивме 11 граѓани, меѓу кои и две деца. Сочувствувам со семејствата на жртвите, како во мое лично име, така и во име на Полициската управа и со ова испраќам најдлабока сочувство… Се надевам и дека повредените брзо и успешно ќе закрепнат“, изјави Брѓанин.

Тој појасни дека денеска околу 15 часот и 30 минути, триесет и четиригодишниот В.Б. од Цетиње пукал во семејство, чии членови престојувале во просториите на неговата куќа како станари во населбата Медовина.

„Притоа, со употреба на огнено оружје – ловечка пушка, им ги одзел животите на две деца од кои едното на осум, а другото единаесет години и ја ранил нивната мајка, која им подлегнала на повредите во медицинска установа. Потоа излегол надвор и со истото огнено оружје застрелал жители на оваа населба, при што убил уште седум, а ранил шест“, додаде тој.

На повик на граѓани на местото на настанот се испратени полициски службеници, при што во размената на оган еден полициски службеник е тешко ранет.

„Засега не е јасно што го поттикнало В.Б. да направи ваков грозоморен чин, по што и самиот бил лишен од животот“, посочува Брѓанин.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора