ВИДЕО: Девојка предизвика инцидент пред Претседателството на Србија

Од:

Несекојдневен инцидент се случи попладнево во зградата на Претседателството на Србија, каде се одвиваше седница посветена на изборот на новата влада.

Една девојка се качи на еден од прозорците во зградата и, фатена за металната ограда, околу еден час одбиваше да се симне пред полицајците кои дојдоа да интервенираат.

Засега не е позната причината за постапката на девојката, која по долго убедување и расправии со органите на редот, самата скокнала од прозорецот и се стрчала кон блискиот споменик на Иво Андриќ. Таму, полицајците и обезбедувањето ја стигнале и разговарале со неа, според српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати