(ВИДЕО) Драма во Косово: Одекнуваат детонации во близина на поранешна канцеларија на изборна комисија

Од:

Во северниот дел на Косовска Митровица пред кусо време одекнале пет детонации, јави српскиот весник „Блиц“.

Според извори од терен, детонации се слушнале од правец на улицата Колашинска каде што порано била канцеларијата на изборната комисија, а одекнуваат и сирени за воздушна опасност

Засега сè уште нема прецизни информации за што се работи и дали се повторува сценариото од Зубин Поток каде пред околу еден час имаше две детонации, информира Блиц.

Во Зубин Поток членови на општинската изборна комисија придружувани од косовската полиција по 12 часот насилно влегле во зградата на општина Зубин Поток, поради што граѓаните кои случајно се нашле таму се побуниле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zubin Potok INFO (@zubinpotokinfo)

Членови на општинската комисија со асистенција на полициски службеници насилно влегле во просториите на општината, ги искршиле вратите и ги смениле бравите, пред да ја напуштат зградата.

Србите ги напуштија сите институции поради постојано неисполнување на одредбите од договорот меѓу Белград и Приштина, а Владата на Албин Курти планира да одржи избори на северот на Косово, пишува „Блиц“.

Би можело да ве интересира

Девојче кое е тешко повреденo во експлозија на плинска боца, ќе се лекува во Шведска

13 повредени во експлозијата кај Косовска Митровица: Меѓу нив има и деца

Горан Наумовски

Полицијата употреби огнено оружје во Косовска Митровица при обид за апсење

Горан Наумовски

Експлозија во северниот дел на Косовска Митровица: Детонацијата ги разбуди луѓето, шрапнели ги оштетија прозорците

Тензична ситуација во Косовска Митровица: Граѓаните се собраа по уште едно апсење на Србите, сирените се уште се огласуваат

Горан Наумовски

Експлозија одекна во Косовска Митровица