ВИДЕО: Дете на спуштено задно седиште со отворен багажник, возачот ита 90 километри на час

Од:

Снимка направена на патот меѓу црногорскиот главен град Подгорица и Никшиќ, на која се гледа како дете се вози на спуштеното задно седиште од автомобил, со отворена врата од багажникот, се појави на социјалните мрежи. Опасната егзибиција на возачот, кој ита со 90 километри на час, наиде на широка осуда.

„На патот Подгорица-Никшиќ, дете од некои 10-11 години седи на некои плочи, отворен багажник и тој некогаш се држи, некогаш не… Многу неодговорно од луѓето (можеби родителите) кои го возат!!! А брзината ја гледате…“, пишува Инстаграм-страницата „Подгорички времеплов,“ која го објави видеото.

Граѓаните во Црна Гора, но и ширум Балканот, каде снимката стана вирална, коментираат дека не е потребно да се објаснува колкава е опасноста, особено при толкава брзина, кога најмало кочење или скршнување може да го исфрли детето на асфалтот, меѓу забрзаните автомобили.

Корисниците на социјалните мрежи бараат казна за неодговорниот возач на „Голф 5-ка“ со подгорички регистарски таблички. Случајот е пријавен во сообраќајната полиција, но засега нема информации за исходот од пријавата.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора