ВИДЕО: Демонстрантите и туркаа сендвич пред устата на новинарката на Информер, осудени се на затворска казна

Од:

Тројца еколошки активисти беа приведени по саботните протести против ископувањето на литиум. Судот во Белград ги осуди на затвор поради нарушување на јавниот ред и мир. Иван Бијелиќ доби 40 дена, а Никола Ристиќ и Јевѓеније Димитријевиќ по 30 дена затвор.

Претседателот Александар Вучиќ ги обвини гореспоменатите активисти дека се однесувале дрско кон Бранка Лазиќ, новинарка од таблоидот Информер.

„Жал ми е за новинарката Бранка Лазиќ, она што го доживеа од овие марксисти, анархисти, вакво многу имбецилно однесување, полевање со вода, туркање сендвичи во уста и се друго, зборува за какви луѓе зборуваме. Таквото непочитување кон жени, да не бидеш џентламен, да се однесуваш како мангуп, вие 50 мажи против една жена, која стои во место, која нема да ви се тргне од патот и која е виновна само затоа што ги гледа работите поинаку од вас“ изјави Вучиќ.

Во меѓувреме, се појавија и снимки кои го покажуваат инцидентот. На една снимка се гледа како новинарката разговара со демонстрант кој и турка сендвич во уста. Во позадина се слуша скандирање „Ги труете децата“.

Демонстрантите потоа ги поставуваат своите транспаренти пред репортерката, а таа одговара така што ги зема транспарентите и ги оддалечува од неа. Толпата свиркаше за да го изрази своето незадоволство од нејзиното однесување.

На друго видео, новинарката испраќа бакнеж и мавта кон толпата. Потоа, еден од демонстрантите повторно го турка сендвичот пред нејзиното лице, при што таа го зема сендвичот и со бесен поглед се внесе во лицето на демонстрантот кој го туркаше сендвичот. „Рио Тинто, марш од Србија“, скандираа демонстрантите за тоа време.

Повод за протестот беше најавата за отворање на рудникот за литиум на рударската компанија Рио Тинто во долината Јадра. Здруженијата протестот го организираа на денот на истекот на рокот од 40 дена што и го одредиле на српската влада да го усвои Законот за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.

По завршувањето на митингот во белградско Теразие, на кој присуствуваа околу триесетина илјади луѓе, дел од демонстрантите го блокираа сообраќајот на автопатот, во близина на клучката Газела.

Би можело да ве интересира

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

СДСМ: Брука, инвестицијата на германската БМЗ е целосно договорена и потпишана од владата на СДСМ

(ВИДЕО) Масовна тепачка во Белград пред познат ресторан

Тешка сообраќајка во Белград: Има загинати, шест лица се пренесени во Ургентниот центар

Предраг Петровиќ