ВИДЕО: Деца повредени од отровниот облак во Пирот – предизвикува слепило и смрт, само ветар е спас за граѓаните

Од:

Над 50 повредени лица од истекувањето амонијак во Пирот. Меѓу повредените се и деца.

Едно дете по приемот е пренесено и хоспитализирано на Клиниката за детски болести во медицинскиот центар Ниш – соопштија од клиничкиот центар. Задржани на опсервација на Клиниката за детски болести се уште две деца.

Сите имаат стабилни витални параметри, свесни се, комуникативни, но поради иритација на респираторниот тракт, очите и кожата ќе бидат задржани на понатамошно следење и лекување. Во Пирот е на сила вонредна состојба по истекувањето на амонијак од превртен вагон. Училиштата, градинките и јавните установи денеска се затворени.

Токсикологот Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија рече дека амонијакот е исклучително токсичен и ако се вдише, може да предизвика компликации и лекувањето е тешко и долготрајно. Освен што ги гори дишните патишта, предизвикува и слепило, а доколку се вдише во поголеми количини – и смрт.

На социјалните мрежи се појави видео од безбедносни камери, на кое се гледа како токсичниот облак се шири над патот и го прекрива градот Пирот.

Според токсикологот Чибишев, сега само Господ може да им помогне на жителите на Пирот, односно да дувне ветар, кој ќе го разнесе амонијакот да не е со голема концентрација на едно место.

Инаку, градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ, синоќа прогласи вонредна состојба кога два вагона – цистерни од воз, кој превезувал амонијак се лизнале и паднале во реката Нишава кај Сопотски Хан.

Како што објавија медиумите, 51 лице се хоспитализирани со симптоми на труење поради истекување гас и висока концентрација на амонијак во воздухот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов