ВИДЕО: Црна Гора наскоро треба да добие нова Влада – Кривокапиќ поддржан за мандатар, Бечиќ ќе го води Парламентот

Од:

Пратениците на новото парламентарно мнозинство во Црна Гора дадоа поддршка за лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ кој треба да биде новиот мандатар за состав на новата Влада на Црна Гора.

Од граѓанското движење УРА објавија фотографија на Твитер од документот со потписите на 27 пратеници на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, 10 пратеници на коалицијата „Мир е нашата нација“ и четири пратеници на коалицијата „Црно на бело“, со барање до претседателот на државата Мило Ѓукановиќ да го предложи Кривокапиќ за нов мандатар.

Обраћање Здравка Кривокапића на паузи заседања Скупштине Црне Горе

Обраћање Здравка Кривокапића на паузи заседања Скупштине Црне Горе

Posted by Sputnik Србијa on Среда, 23 септември 2020

Претходно, од Демократскиот фронт предложија лидерот на коалицијата „Мир е нашата нација“, Алекс Бечиќ да биде претседател на Собранието, а Кривокапиќ мандатар на идната црногорска Влада.

„Првиот принцип на делување на новата Влада ќе биде организирање на државата – нема да се одмаздуваме и ничиј интерес нема да е важен освен интересот на граѓаните. Денес сум толку среќен што се обидувам да не пуштам солза“, напиша Кривокапиќ на Твитер.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора