ВИДЕО: Човек снимен како шутира кутре во Белград, уапсен во Врњачка Бања

Од:

Српската полиција го уапсила 47-годишниот П.С., кој е осомничен за кривично дело малтретирање животни, затоа што бил снимен како шутира мало куче во Белград, јавуваат српските медиуми.

Тој е уапсен во Врњачка Бања, на околу 250 километри од Белград, а делото за кое се сомничи наводно го извршил на 6 јануари.

Видеото од бездушниот потег на човекот во изминатите неколку дена кружеше по социјалните мрежи во Србија. Снимката од безбедносните камери покажува како насилникот со сета сила го шутира кученцето кое му приоѓа, а тоа лета еден метар и паѓа на тротоарот, останувајќи неподвижно.

Црното кутре-женка од мешана раса, не постаро од три или четири месеци, го спасиле соседите и минувачите. Тоа сега е згрижено од семејство во Белград, кое му го дало името Божана, поради, како што велат, божјото чудо што се случило на Бадник – кучето да го преживее бруталниот напад без сериозни повреди.

Малтретирањето и повредувањето животни од пред неколку години стана кривично дело во Србија, откако јавноста ја згрозија неколку случаи на мачења на животни. Законот досега во повеќе наврати се спроведуваше доследно, а повеќе престапници се осудени на парични казни, кои се движат од 800 до 8.000 евра.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати