ВИДЕО: Бугарија со седум предлози кои ќе ја доближат Македонија до почеток на преговори со ЕУ

Од:

Бугарија го потврди својот став за почеток на преговори за Северна Македонија со Европската Унија, Владата мора да го спроведе овој став. Ова го одлучи Советот за национална безбедност на денешниот состанок, јавува „БГНЕС“.

„Давањето согласност за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, вклучително и во однос на правата на македонските Бугари“, изјави претседателот Румен Радев по состанокот.

„Ние никогаш не сме го негирале и не го негираме правото на граѓаните на РСМ да се определат врз основа на сопствената самосвест и да си ги чуваат јазиците во согласност со Уставот. Бугарија ја одржува целосната рамноправност на македонските Бугари со останатите народи во РСМ, рече тој.

Политиката на дискриминација на македонските Бугари, 120.000 луѓе, неодамна ескалира“, потсети Радев.

„Правата на македонските Бугари се клучна точка во копенхашките критериуми за членство во ЕУ и за кои не може да се преговара“, додаде тој.

„Потребна е сеопфатна и интензивна акција за да се врати довербата и да се засили соработката. Од особена важност се проектите за обезбедување транспортна и дигитална инфраструктура со акцент на Коридорот 8. Тоа ќе даде поттик на преговарачкиот процес“, нагласи Радев.

Членовите на Советот ги забележаа и досегашните постигнувања. Постои можност за договор во некои области. Решавањето на политичките прашања ќе го забрза напредокот во сите други области, пренесува бугарскиот медиум.

Во новинарскиот извештај предочени се предлозите кои се прифатени од страна на Советот.

– При водењето на внатрешната политика на земјата, Министерскиот совет да ја запази националната позиција на Бугарија, почитувајќи ги барањата од Договорот во 2017 година, Рамковниот став од 2019 година и декларацијата на 44-то Народно собрание.

– Давањето согласност за почеток на преговорите за пристапување на РСМ во ЕУ не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, особено во однос на македонските Бугари.

-Извршната власт да продолжи да работи на известување за спроведувањето на Договорот од 2017 година во преговарачкиот процес за членство на РСМ во ЕУ.

-Извршна власт да подготви и обезбеди акционен план со мерки за постигнување опиплив напредок во сите области на билатералните односи.

– Извршната власт да им предложи на партнерите на PCM формирање на заеднички работни групи во области во согласност со Договорот од 2017 година.

-Извршните власти да преземат мерки за забрзување на изградбата на Коридорот бр.8 заедно со РСМ и Албанија, како единствен проект – автопат, железница, енергетско и дигитално поврзување.

– Националното собрание треба да му предложи на законодавното тело на РСМ воспоставување структуриран дијалог меѓу групите за пријателство и парламентарните комисии, со што би се зајакнела довербата и би се поддржал севкупниот процес.

„БГНЕС“ потсетува дека Советодавниот совет за национална безбедност свикан од претседателот Румен Радев за прашањето за евроинтеграциите на РС Македонија траеше повеќе од пет и пол часа.

Претседателот смета дека треба да се забрза процесот на европска интеграција на РСМ, но само со почитување на националниот интерес.

Премиерот Кирил Петков сака да ја поттикне соработката меѓу двете земји, особено на полето на економијата. Бугарскиот премиер на 18 јануари ќе замине во Скопје на средба со идниот северномакедонски лидер Димитар Ковачевски, потсетува медиумот.

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Радев: Уставните измени се европски, а не бугарски барања

Бугарскиот претседател одби да го потпише указот за разрешување на шефот на бугарското МВР

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов

Радев го поздрави испраќањето на амандманите во Собрание: Прв многу важен чекор, а не последен

Орце Костов

Радев: Новата влада треба да се грижи за бугарската армија, а не за воена помош за Киев

Предраг Петровиќ