ВИДЕО: Бугарија се брани од „апокалиптична“ мигрантска криза како во Македонија

Од:

Бугарски војници и оклопни возила и изутринава се присутни на граничните премини кон Македонија за, како што тврдат властите во Софија, да се спречи евентуално прелевање на мигрантската криза во Бугарија.

На граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево се распоредени десеттина вооружени бугарски војници со воено возило „хамер“, а се поставени и метални препреки за запирање возила.

Бугарските медиуми известуваат дека воено присуство има и на граничните премини Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Петрич.

Бугарската вицепремиерка и министерка за внатрешни работи Румена Бочварова вчера изјави дека Софија подготвила три сценарија за справување со евентуалниот наплив на мигранти.

– Најапокалиптичната варијанта е да има прилив на мигранти како во Македонија. Сепак, сметаме дека ризикот да се случи такво нешто во Бугарија е  мал, бидејќи бугарските граници се чуваат добро, изјави Бочварова. Како дополнителна мерка сега е вклучена и армијата, која е распоредена на граничните премини кон Македонија и Грција.

Според неа, мигрантите чија цел е Западна Европа не минуваат често низ Бугарија, бидејќи не се сигурни дека брзо и сигурно можат да стигнат до посакуваната дестинација.

Бочварова вели дека не може да се ограничи правото на бегалците да доаѓаат во Бугарија, но тие мора да бидат регистрирани бидејќи постои опасност дел од нив да учествувале во борбените дејствија на Блискиот Исток или да се терористи.

Фото и видео: БГНЕС

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори