(ВИДЕО) Брутално насилство во Белград: петмина нападнаа момче со тупаници, нозе и стапови

Од:

На социјалните мрежи се појави снимка од насилство, односно тепачка, која наводно се случила викендов во Белград, пред Мото Клубот.

„Додека одев кон клубот „Драгстор“, забележав тепачка од другата страна на улицата пред Мото Клубот Безбедност. Личеше дека 5-6 од нив удираат со тупаници, клоцаат и удираат момче кое лежеше доле. Овој клип го снимав само 30 секунди затоа што се плашев да не ме фатат и да не почнат и мене да ме бркаат. Кога престанав да снимам продолжија да го тепаат веројатно уште 4-5 минути и забележав дека некои момци си заминуваат а потоа се враќаат, па дојдоа нови“, се наведува на социјалните мрежи.

„Имаше и една девојка која залудно се обидуваше да ги спречи овие ликови да го тепаат момчето на земја, но не ја ни забележуваа. После тоа јас заминав и отидов на забавата во Драгстор, а бидејќи се се случуваше на улицата, знам дека некои таксисти и возачи им свиреа, но не знам како сето тоа заврши на крајот, а и не познавам никого од инцидентот“, се наведува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Избегната трагедија во Белград: Момче спаси мајка и син од брз воз

Горан Наумовски

Истрагата утврди: Русин со јорган си го задуши заспаното дете, со нож и го расече вратот на сопругата

„Падна“ мажот кој и се закануваше на жена со убиство, па побегна: Полицијата го уапси насилникот

Обвинение за „таткото од пеколот“: Две пријави за Урош кој ја држеше ќерка си затворена во станот

Србин предал ротирачки митралез кој пука 3.000 куршуми : Го ставил на приколка и го однел во полиција

Катерина Павлова-Николовска

Ме тепаше додека го држев синот во раце, сведочи жената од Звездара која мина низ шестмесечен пекол