ВИДЕО: Борисов слушајќи ја „Корона чао“ од Дац и Митевски посочи дека Северна Македонија ја има поддршката од Бугарија

Од:

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов сподели видео на социјалните мрежи од обиколката која ја правел низ Бугарија, слушајќи ја преработката „Корона чао“ од Драган Спасов-Дац и Александар Митевски. Тој заедно со видеото напишал дека Северна Македонија ја има поддршката од Бугарија.

Само с общи усилия, дух и дисциплина ще се преборим с коронавируса. Благодаря на всички български граждани, които спазват правилата. Само така ще се върнем към нормалния си живот. Благодаря и на Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski. Северна Македония може да разчита на нашата подкрепа!

Posted by Boyko Borissov on Сабота, 25 април 2020

„Благодарам на сите бугарски граѓани кои што ги почитуваат правилата. Само така ќе го вратиме животот во нормала. Благодарност и до Драган Спасов-Дац и Александар Митевски. Северна Македонија може да сметате на нашата поддршка“, напиша Борисов.

„Корона Чао” е преработка на познатата „Bella Ciao“ од Спасов-Дац и Митевски, во придружба на Брастет Скопје. Тие му се заблагодарија на Борисов што испратил порака на заедништво, објавуваќи видео каде ја слуша нивната преработка.

„Голема благодарност до премиерот на Р. Бугарија, Бојко Борисов кој тукушто испрати порака на заедништво и поддршка за нашата земја во борбата со овој вирус. Преку нашата песна “Корона чао” која спојува и носи оптимизам секаде. Песната не знае за граници и јазици“, пишуваат Спасов-Дац и Митевски.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија